20 ноември ќе остане незаборавен и вечно запомнет од учениците од трето и петто одделение од нашето училиште кои во склоп на воннаставните активности го посетија Природонаучниот музеј и Националната опера и балет во Скопје.Најпрво, детските очи долго беа широко отворени додека низ стаклата ги гледаа одблиску минералите, карпите, најразновидните растенија и семејствата риби, водоземци, влечуги, птици и цицачи. Сфатија колку е богата природата на нашата татковина.
А потоа будно сонуваа без да трепнат вовлечени во приказната на балетската претстава ,,Доктор Офболи”. И додека срцата им играа во нотите и движењата на прекрасната музика, очите им се полнеа со воодушевачките костими на Лисицата, Петелот, Жирафата… учеа дека на сите што го делиме овој свет ни е потребна взаемна грижа, љубов и добрина.