Нашите ученици од осмо и деветто одделение и учениците кои активно учествуваат во воннаставните активности по германски јазик 🇩🇪 ја посетија патувачката изложба за врвните истражувања во Германија на тема ,,Вселена.Човек.Интелигенција” – поставена во КИЦ во Скопје. Станува збор за интересна интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот.

Учениците на забавен начин и преку интерактивни работни листови осознаа факти од повеќе области и тоа:

🪐 Вселена

🧑‍🦱 Историја на човештвото

🧠 Мозок

🌎 Антропоцен

🤖 ВИ (вештачка интелигенција)

Ваквите настани поттикнуваат љубопитност за истражување на различни полиња и стимулираат критички став за различни научни и општествени теми.

Goethe-Institut Skopje❤️