Нашето училиште ,,Кочо Рацин” организираше малку поинаков работен ден – интегриран работен ден насловен како ,,Училишна ТЕАТРАЛНИЦА”. Наши гости беа актерите од театарската група ,,Сенки и облаци” од Скопје. Внимателно ја изгледавме нивната претстава ,,Колку е часот?”, a потоа следуваше делот на работилници во училница. Својата креативност, автентичност и посветеност, ученците од ЧЕТВРТО – одделение заедно со нас нивните одделенски наставници – менториВесна Мегленски, Јасна Костадиновска, Билјана Стеваноска Костадиновски,Гоце Бумбароски и Виолета Спиркоска ја покажаа и потврдија на дело! Заедно сплотени се погриживме за училишната претстава со сенки: ,,Трката на Зајакот и Желката” овојпат во модифицирана верзија од 21 век, која навистина ја претставивме на најдобар начин. Мотивирани и задоволни ја прикажавме и својата креативност во театарската уметност. Секогаш поинакви и поуспешни…Храбри и уверени!