Со срце полно љубов и раце подготвени за дело, училишниот парламент, поддржан од нашите наставници, Советот на родители и локалната бизнис заедница, организира еко-акција за пошумување во атарот на селото Мало Рувци.Во акцијата ќе учествуваат ученици од VII до IX одделение, нивните наставници и родители – сите заедно, обединети околу една хумана и значајна цел.Благодарение на поддршката од Советот на родители и бизнис заедницата, обезбедени се 1200 садници, кои ќе бидат посадени во чест на прерано загубените млади животи во трагичниот пожар во Кочани.Оваа акција е симбол на нов живот, надеж и заедништво.
Да засадиме спомен кој ќе живее со генерации!