По посетата на учениците на театарска претстава со сенки „Малиот принц“ подготвена и прикажана од театарската група „ Сенки и облаци “ – Скопје во Домот на културата „Марко Цепенков“ Прилеп, со учениците од VIб одделение беше одржана креативна работилница на која беа реализирани поголем број активности под менторство на наставничката Весна Обрадовиќ.- Разговор за впечатоците од театарската претстава за чувствата и впечатоците на учениците за време на претставата- Дискусија за најпознати пораки и мисли од ова литературно дело ( на англиски и македонски јазик)- Пишување на омилена мисла, порака – Илустрирање на омилени делови од претставата ( делото) ( Camera craft)- Изработка на ликовите ( origami…)- Креативо претставување на напишаните пораки, мисли (изработки)Учениците покажаа посебен интерес и залагање во реализацијата на сите активнсти. Креативноста им беше предизвик да направат разновидни изработки користејќи повеќе техники во атмосфера на дружење и меѓусебна соработка.