


Во текот на месец март, наши ученици
од седмо и осмо одделение, под менторство на наставничката по англиски јазик, Благица Кусеска, беа дел од интеркултурна размена во Швајцарија како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ (кој се спроведува од Коалицијата на младински организации СЕГА). Тие имаа двонеделна обука и беа сместени во детското село Песталоци, близу Троген во Швајцарија
. Од интересните и креативни работилници научија за детските права, идентитет, рамноправност меѓу половите, тимска работа, како да ислушуваат и соработуваат со деца од други градови од Македонија и деца од Србија
. Освен што учеа заедно со нив, тие и се дружеа, се забавуваа, стекнаа пријателства кои ќе траат. Ги посетија градовите Констанца, Луцерн, Цирих, Женева, Сент Гален, како и водопадите на реката Рајна и природонаучниот музеј Технорама. Прекрасно искуство кое ќе го паметат цел живот! Во текот на месец април овие наши вредни ученици организираа неколку работилници за учениците од седмите и осмите одделенија, како и за членовите на Ученичкиот парламент. На работилниците пренесоа огромен дел од новите знаења стекнати во Швајцарија и ја доловија атмосферата од училиштето во Детското село, во која толку многу уживаа. Им благодариме на овие вредни и позитивни ученици за пренесеното искуство
, на наставничката Благица Кусеска
за извонредното менторство и посветеноста на учениците и нивниот развој и најмногу сме благодарни на нашето училиште „Кочо Рацин“
што го овозможи ова незаборавно искуство!