1.Ученикот пристапува на Националната платформа за учење на далечина: https://lms.schools.mk/ во која е повикан да се пријави и за пристап добил пристапна шифра. Секој ученик има должност редовно да ги проверува инструкциите на платформата и мејлот кој што го добил и одговорно да се однесува.

2.Пристапот на Националната платформа се дозволува само на оние ученици кои добиле електронска сметка за најава на истата. Секој ученик и секој наставник имаат добиено службен меил кој треба да го користат службено, не за приватна комуникација.

3.Ученикот во рамките на Националната платформа постапува според барањата на предметниот  наставник и  ги извршува обврските кои  му се дадени во за тоа одредени рокови.

4.Ученикот може да биде ангажиран на два начини (зависно од тоа кога и на кој начин предметниот наставник планирал да се реализира наставниот час):

-Првиот начин е користење на платформата за посредна работа со учениците кога на платформата се поставува наставен материјал за изучување и вежбање

-Другиот начин е користење на Microsoft Teams која овозможува двонасочна комуникација и интеракција на наставникот и ученикот.

5.Работата,  облекувањето и однесувањето на учениците и наставниците во рамките на платформата кога се одвива наставата „ на далечина“ мора да биде во потполност според правилата на пристојно однесување и правилно изградени односи наставник-ученик. Секој ученик има обврска навремено да се приклучува на платформата според добиениот распоред.

6.Оценувањето на знаењето на ученикот се врши исклучително во училницата во рамките на училиштето. Учениците кои се одредени  да наставата ја посетуваат НА ДАЛЕЧИНА ќе бидат повикувани поради оценување во објектот на училиштето во за тоа одредени термини.

7.Ученикот во текот на работната недела обврзан е да ја посетува страната на Националната платформа https://lms.schools.mk/ по важечкиот распоред и по упатствата и барањата на предметниот наставник.(Ученикот е обврзан да се пријави на платформата во текот на работниот ден во време кога е планиран редовен час (како да е во објектот на училиштето) во спротивно, ако во текот на тој ден не се појави во училницата за предмет по распоред на часови, ќе се смета за отсутен од час.

8.Ученикот е обврзан да ги проучи наставните материјали кои наставниците ги прават достапни на платформата.

9.Ученикот е обврзан да ги решава задачите или да учествува во проекти (како член на тим или поединечно) кои наставниците им ги задаваат и во зададените рокови  своите изработки по пат на електронска комуникација да ги доставуваат на наставникот на увид.

10.Ученикот е обврзан да следи информации кои се објавуваат во рамките на училишниот сајт и активно учествува во реализација на сите наставни содржини кои му се достапни во одреденото време.   

Прилеп, септември 2020 година

Leave a Reply