Период на размена: 12/03/2025 – 25/03/2025 Датум на поаѓање: 11/03/2025Датум на враќање: 26/03/2025Цел на размената: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Учесниците на размената задолжително треба да реализираат работилници за детски права, антидискриминација и заштита од врсничко насилство, наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената.Вкупното финансиско учество на учесниците за размената: 13.200,00 МКД.*Екскурзиите за време на размената се вклучени во оваа сума за финансиско учество.Критериуми за учество:- Година на раѓање: 2011/2012- Валидна патна исправа (пасош) согласно новите правила за патни исправи и со рок на важност не порано од 26.09.2025 година – Ученици кои посетуваат редовна настава во ОУ „Кочо Рацин” – Кратово, ОУ „Кочо Рацин” – Прилеп, ОУ „Браќа Миладиновци” Куманово, ОУ „Лирија” Тетово и ОУ „Вера Циривири Трена” Скопје.- Предност ќе имаат учениците кои се активни, се дел од ученичката организација, и имаат интерес и мотивација во вклучување во активности на врсничка едукација .- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село ПесталоциСите заинтересирани кандидати потребно е да пополнат пријава на следниот линк https://forms.office.com/e/uz1914Kmqs најдоцна до среда, 15 јануари 2025 година.Селекцијата на учесници ќе се врши по пат на интервју со пријавените кандидати.Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте со назначените супервизори од Вашето училиште или на aplikacija@sega.org.mkFORMS.OFFICE.COMforms.office.com