Денес учениците од II, III, IV и V одд. прошетаа по Сокачето на поезијата во Велес, па ја посетија родната куќа на нашиот патрон – Кочо Рацин. Ги допреа грнињата изработени од рацете на вредниот Рацин кога бил колку нив и им помагал на родителите; слушаа како продолжил сам да учи и кога морал да го напушти училиштето, како пишувал песни на таванот само на светлина од свеќа; се потпишаа во книгата на посетители ветувајќи му дека ќе му дојдат пак со научени негови песни наизуст. Потоа имаа незаборавно доживување гледајќи ја новогодишната претстава „Новогодишна збрка“ во прекрасниот театар „ Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ . Сите заедно се вративме со желба и нашиот Прилеп да има таков театар затоа што и актерите, и сите прилепчани, и новите генерации тоа го заслужуваат