Честит и вечен нека е 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, јазикот на нашите први зборови, првите научени песнички на школо, првите наши напишани букви. Без македонскиот јазик сме ништо, ни дава глас да се искажеме, да ја обоиме болката, да ја украсиме радоста! Јазикот ќе постои додека нѐ има, а ќе нѐ има вечно. ????????????????????????Честитки за ученикот Давид Долгоски од 6 одд. за освоеното прво место ???????????? на конкурсот на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик, како и честитки за освоеното прво место ???????????? на литературниот конкурс по повод 50 години од основањето на ООУ „Гоце Делчев“! Честитки и до неговиот ментор – наставникот Благојче Ристески! Во продолжение, двете наградени песни на ученикот кои ги читаме со уживање во убавината на македонскиот збор и дарбата на нашите ученици!ЉУБОВ НА МАКЕДОНСКИЉубов е кога Галичицадва бисери сјајни прегрнува,и кога езерската ширна небото бакнеж му подарува.Љубов е кога ветеротшумите нежно ги милува,и скришум, тивко им шепоти,дамнешни приказни раскажува.Љубов е и кога Шаравитка, мома убава,безброј бели стадана залени падини нагостува.Љубов е кога славејотсо цвркот срце ми заигруваи со тажна песна за херојот,душа ми растреперува.Љубов е кога месечинатаво Вардар ќе се огледаи со ѕвездена светлина,ноќта со сребро ја облева.Љубов е кога босоногниз опојни ливади шетами изгубен во времето,цветни венци за тебе плетам.Љубов си ми тимајко моја мила,љубов најголемасекогаш си ми била.Те љубам Татковинона секој јазик светски,но, со целото мое битие,те љубам на МАКЕДОНСКИ.ГОЦЕВИОТ ЗАВЕТЛелеци се слушаат низ тоа Баница село,плаче народот за херојот свој,се пролеа крв во утрото бело,загинаа синови во лут бој.Тој кобен миг деветстотини и трета,клет турски аждер во рана зора,го пресретна јунакот и неговата чета,на полјана зелена пред селската гора.Се бореше Гоце како разгневен лав,ја требеше чумата од родното тло,исправен гордо без ронка страв,го рушеше јаремот на петвековното зло.Но, оловно зрно му пронижа гради,не издржа простум борецот смел,во срцето остра болка му всади,и се струполи ничкум од куршумот врел.Се сруши како карпа таа машка снагаи падна врз земјата во часот зол,се предаде веднаш на лутата рана,и гушна малихерка во јад и бол.Се крена на раце, собра тој силии последни зборови низ заби писна,ги виде редум сите браќата милиа низ глава му претрча последна мисла.Завет им остави на внуците и младината,свет завет за иднината на родината,во име на честа, совеста и верата,да ја чуваат вечно слободата на татковината.Ментор : Благојче Ристески Ученик: Давид Долгоски VI-Г ООУ ,, Кочо Рацин’’- Прилеп

Сите реакции:53Mence Nikoloska, Vanco Spirkoski и 51 други