Денес, нашите првачиња учествуваа во настан за сообраќајната едукација и воведување во сообраќајна култура со наслов: ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ, кој се реализира како дел од превентивната активност на ОВР Прилеп и сообраќајната струка во СОУ Ристе Ристески Ричко. За таа цел Станицата за технички преглед “Авто Контрол” на најмалите учесници во сообраќајот им подели прирачник и флаери со сообраќајни правила и прописи. Полициските службеници заедно со професорите и учениците од сообраќајната струка при СОУ Ристе Ристески – Ричко на првачињата им ги посочија правилата на учество во сообраќајот како пешаци и велосипедисти. Целата на оваа активност е децата уште од најрана возраст да стекнат знаења за основните сообраќајни правила и прописи. Децата се нашата иднина, во нив вложуваме многу љубов, енергија и средства за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе бидат корисни за себе, за своето семејство, но и за општеството во целина.Првите форми на едукација почнуваат во семејството, а потоа во училиштето и вон училиштето, со голем број на вакви проекти и кампањи.Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца.Не заборавјте, ние сме нивните идоли!