Вредните рачиња на малите првачиња од I г одд. се покажаа како вистински шефови во кујна .На креативен начин научија:
Какви видови на зеленчук има.
Кој зеленчик расти под земјата, а кој над неа.
Ги усвоивме хранливите придобивки кои ги има во зеленчукот.
Со самостојна работа спремавме и туршија, која во зимскиот период ќе го штити нашиот имунитет.
Нивната наставничка Билјана Стеваноска Костадиновски како слатка награда за трудољубивоста на крај ги изненади со палачинки, еурокрем и банани.
Сега веќе умешни во својата работа, сами го спремија слаткото задоволство и вкусно се засладија.
